Лазаревски продолжи со Вардар

Еден од ракометарите со најголем напредок, пикерот Милан Лазаревски денеска потпиша нов двегодишен договор со екипата на Вардар и останува црвено-црн најмалку до јуни 2026 година.


Лазаревски кој за две седмици ќе го прослави својот 24 роденден, сезонава е еден од предводниците во тимот, и со своите игри се наметна и во репрезентацијата на Македонија. Настапи на ЕП што сега се одржува во Германија, а каде Македонија играше во групната фаза.
Одличните игри, и во одбрана и во напад го ставија на пиедесталот како еден од најдобрите пивотмени во Македонија.

„Верувам во овој проект, во клубот во кој сум сега, и драго ми е што ќе останам и понатаму дел од Вардар. Ова е место што овозможува голема индивидуална и колективна надградба на сите играчи. Благодарен сум за довербата и вниманието што го добивам од стручниот штаб. Овој тим што сега го има Вардар допрва ќе го покаже своето вистинско лице. Мое е задоволството што ќе бидам дел од таа приказна, вели Милан Лазаревски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk