Седмо место за Брестовац и ОАЕ на Азискиот шампионат

Репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на чие кормило е селектор од Македонија, Данило Брестовац, го освои седмото место на Азискиот шампионат.
Денеска во директен дуел за пласман, ОАЕ го совлада тимот на Иран со резултат 28-23 и го верификуваше пласманот. 

Пласманот на ОАЕ на овој турнир главно го одреди неповолната ждрепка поради која се најде во дуел со домашниот Бахреин, а потоа вкрстуваше со Катар и Јапонија. 

Во полуфиналето на турнирот се среќаваат репрезентациите на Катар и Кувајт, односно селекциите на Бахреин и Јапонија. 
Јапонците на овој турнир останаа без интернационалците од Македонија. Хироки Мацуока по само еден натпревар се врати во Охрид, а Косуке Јашухира е повреден по лошиот старт на дефанзивецот на Иран, пропушти два натпревари досега и прашање е дали ќе игра до крајот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk