Хрватски бек пред потпис со Охрид

Екипата на Охрид продолжува да доминира меѓу македонските екипи со својата активност на трансфер пазарот и ангажманот на ракометари.
Охриѓани на хартија веќе имаат тим со кој можат сериозно да им ги расипат плановите дури и на Е. Пелистер и Вардар, двата најпознати тимови во македонскиот шампионат, вклучително и на Алкалоид кој сезонава е актуелен вицепрвак. 

Зимскиов преоден рок охриѓани го искористија за ангажман на Јапонецот Мацуока и на пикерот Пеледија, а пред потпис со ГРК Охрид е и хрватскиот десен бек Никола Јукиќ (30). 
Овој играч од 2016 година настапуваше во шампионатот на Франција, а во 2021 премина во редовите на бундеслигашот Минден и тоа како замена за норвешскиот ас Кристофер Рамбо.
Една година подоцна од Минден се пресели во грчкиот АЕК, а не се задржа многу ниту таму, туку по една сезона замина за Ал Мадар во Саудиска Арабија. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk