Ѓорче Петров ќе дознае кој му стои на патот до финале

Утре во Виена ќе се одржи ждрепката за 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп во женска конкуренција. Осум тима се квалификуваа за оваа нокаут фаза и нема да има носители ниту пак ќе има заштита екипи од иста земја да не можат да играат меѓусебе во 1/4 финалето. 
Сите екипи ќе бидат во еден сад, првата што ќе биде извлечена во „парингот“ ќе биде домаќин на натпреварот. 

Осумте екипи кои се квалификуваа за 1/4 финалето се следниве:
Ѓ. Петров - Македонија
Јаликавак - Турција
Гранољерс - Шпанија
Елче - Шпанија
Гран Канарија - Шпанија
Бенфика - Португалија
Венло - Холандија
Михаловце - Словачка

Веднаш по 1/4 финалната ждрепка ќе се одржи и полуфиналната. Така, Ѓ. Петров ќе знае и кои се двете екипи што се потенцијални противници за полуфиналето, односно ќе биде формиран костурот за целото натпреварување, до финале. 

Ждрепката ќе се одржи утре со почеток од 11 часот и ќе биде директно пренесувана на Јутјуб каналот на ЕХФ. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk