ФОТО: Мвумби малку се „поправил“

Јануари е месецот на ракометот било да се гледа по европскиот, азискиот, јужноамериканскиот или пак африканскиот календар.
Секаде се играат континенталните шампионати, со тоа што веќе ги имаме победниците од Јужна Америка, а тоа е Бразил, пред Аргентина и Чиле кои исто така ќе играат на следното СП во 2025.

Во Африка се одиграа две кола од групната фаза, по што неколку репрезентации веќе имаат пласман во 1/4 финалето. Меѓу нив е репрезентацијата на ДР Конго, медиумски најатрактивна по Египет и Тунис, затоа што во своите редови, освен Оливие Њокас го има и францускиот пивот Готје Мвумби. 

Мвумби се стекна со светска слава поради својот изглед, доби прекар ракометен Шекил О'Нил, потоа кариерат, не ракометната, туку инфлуенсерската, му доживеа бум, дури неколкупати се среќаваше во вистинскиот Шекил О'Нил, правеа планови за развој на ракометот во САД... 

Мвумби се чини додал уште некој килограм во последниве две години и строго се држи до имиџот со кој се прослави. Настрана тоа, добро му оди и на терен, па ДР Конго ја совлада Замбија (40-21) со три од три на Мвумби и потоа беше подобар од Руанда (38-20).
Следниот меч со Капе Верде кој го играат за избегнување на Египет во 1/4 финалето ќе пресуди каков пласман ќе има ДР Конго на крајот. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk