Нант се засили со Швајцарец

Во најавите пред ЕП, кога стануваше збор за репрезентацијата на Швајцарија, покрај Анди Шмит, Мануел Зендер и Лени Рубин, постојано го апострофиравме левото крило на Фати Винтертур, Леополд Ноам. 
Овој 21 годишен играч не успеа да обезбеди место во репрезентацијата, иако се работи за моментално вториот стрелец во Европската лига! Прв стрелец таму е Анди Шмит, исто така Швајцарец.

Тоа што му избега пред очи на селекторот Михаел Сутер, не му избега на претседателот на Нант, Гаел Пелетие. Леполод Ноам потпиш договор со францускиот клуб и ќе биде тандем со Валеро Ривера. Договорот е тригодишен, важечки ќе биде од јуни. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk