Нов најдобар стрелец во историјата на ЕП

Со петте гола постигнати на дуелот со Хрватска, легендарниот француски ракометар Никола Карабатиќ стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првентва.
Никола Карабатиќ сега има постигнато 289 гола, еден повеќе од уште една ракометна легенда, исландскиот ас Гудјон Валур Сигурдсон. 
Трет на оваа листа е активен играч - Микел Хансен. 
Данската ѕвезда има постигнато 13 гола помалку од Никола Карабатиќ (276) и може до крајот на првенството и да избие на првото место. 
Времето како и да е работи за Данецот. Никола Карабатиќ оди во ракометна пензија, иако и Микел Хансен најави дека можеби го игра последното ЕП, со оглед на тоа дека во 2026 ЕП ќе се игра и во Данска, има доволно натпревари пред себе за да стане стрелец број 1. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk