Борозан: Продолжете да ме хејтате

Социјалните мрежи вријат за време на ЕП не само во Македонија, дури и повеќе има во соседството, во Србија и Црна Гора на пример.
Јануарската традиција продолжи и кај нас. Среќа македонските ракометари се кренаа од пепелот, затворија многу усти и вкочанија многу тастатури вчера. Слична ситуација беше во Црна Гора, а спротивна во Србија.

Се чини дека заврши идилата и се потрошија џокерите на Тони Херона во Србија. Ќе увиди многу брзо дека со насмевка и добра атмосфера на зовриениот Балкан не се решаваат работите.  

Најдалеку отидоа Црногорците. Таму очигледано фитиљот е најкраток, а Вуко Борозан со да искористиме тениски сленг - ритрин им врати на своите „фанови“ и особено довчерашниот тренер. 

Црна Гора во меч со епски финиш ја совлада ривалската Србија. Додека нацијата се радуваше,Вуко Борозан кој беше еден од главните играчи по мечот имаше специјален поздрав до поинаквите „фанови“.

„Прво сакам да ги поздравам сите хејтери. Нека продолжат да ме плукаат, ќе бидам уште посилен. Поздрав и до господинот Перо Милошевиќ. Бев должен да го кажам ова“, изјави Вуко Борозан по мечот со Србија. 

Вуко Борозан инаку, сезоната ја почна во Ловќен, но поради кавга со тренерот Перо Милошевиќ го раскина договорот со клубот и сега е слободен играч. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk