Македонија ја победи Швајцарија за прва радост!

МАКЕДОНИЈА - ШВАЈЦАРИЈА  29-27 (13-9)

Македонија и Швајцарија го одиграа последниот меч за нив од ЕП, а тоа беше дуелот за третото место и подобра позиција пред баражот за СП 2025. 
Македонија ја запиша првата победа! Со овој триумф одиме и во првиот шешир за баражот за СП 2025!




Првото полувреме беше најдоброто што Македонија го одигра на ова ЕП. Прилично брзо стана јасно дека Швајцарија не е Германија ниту Франција и дека против нив можеме да играме. 
Но, останаа траги од првите два меча, требаше време да се врати самодовербата на теренот, а тоа не чинеше неколку грешки и нерешителност и покрај сигурноста што ја даваше голманот. 
Беше 4-4 по 14 минути игра кога швајцарскиот селектор прв се одважи да игра 7 на 6, но немаше ефект. На спротивната страна, вообичаено со влегувањето на Митев се раздвижуваше нападот. Така беше и сега, откако влезе веднаш врза два гола и две асистенции, одбраната ни беше фокусирана и Македонија поведе со големи 10-5.
Анди Шмит беше лидерот на Швајцарија и за момент ги врати назад во игра, (8-10), но Јагуриновски и Кузмановски погодија за 13-8. 
Швајцарија намали на 9-13 и тоа беше резултатот на полувреме. 



Вториот дел го почнавме со голови од Пешевски и Митев и водство од 15-10. Швајцарците се вратија во игра во периодот кога Македонија имаше исклучен играч. Со два гола на празна мрежа направија серија и стигнаа до 15-17, пред нашиот тим да се консолидира и да ја одбрани таа дистанца, а притоа и да дојде до плус четири или плус три. 
Драмата почна по 55 минута кога противникот прв пат поведе. Се играше гол за гол, а конечно во 60 минута успеавме да се вратиме во водство. 
Се одбранивме во последниот напад, по што следеше пресинг кој Митев го претвори во гол за 29-27 и прва победа на Македонија!

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk