Портнер: Ако играме како со Франција, немаат шанси



Македонија и Швајцарија вечерва го играат својот последен натпревар на тековното првенство. Двата тима играат за пласман на третото место и подобри позиции пред следните квалификации. 
Натпреварот почнува во 18:00 часот, а медиумски го најавија и нашите противници.

„Тоа што го одигравме со Франција беше многу важно за нашата самодоверба и морал. Од ова средба зависи и каков противник ќе добиеме во квалификациие за СП.
Ние за нив не сме ракометна нација и тие би срамеле од пораз. Ако и вечерва играме како со Франција нема да имаат шанса. Но, ако не сме доволно фокусирани, лесно можеме да загубиме и со 10 гола“, изјави еден од најважните играчи во швајцарскиот тим, голманот на европскиот шампион Магдебург, Никола Портнер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk