Најголеми шанси за успех имаме вечерва



Последниот меч на Македонија на тековното Европско првенство е закажан за вечерва од 18:00 часот, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Швајцарија. 
Уште пред првенството анализиравме и објаснувавме дека ова репрезентација во овој моментов е фаворит во однос на македонскиот состав. Но, од друга страна споредено со Германија и Франција, противник против кого очекуваме најрамноправен дуел. 
Дури и не треба многу длабоко да се анализира, основната играчка споредба на резимеата на нивните репрезентативци во однос на нашите ќе даде непогрешлив одговор на тоа кому припаѓаат шансите за победа. 

Друг адут во нивна полза е што Швајцарија практично ќе игра на домашен терен. И подобро од домашен, затоа што поддршката што би ја добиле во Швајцарија би била далеку помала од таа што ќе ја добијат од 15.000 Германци вечерва. 

„Швајцарија против олимпискиот првак Франција го покажа на дело тоа што го зборуваме цело време, дека се работи за квалитетна репрезентација. Играа добро 60 минути, имаа големи амбиции. Очекуваа победа и над Германија во првото коло.
Тоа е силен тим во кој има многу квалитетни индивидуалци. За Анди Шмит воопшто не треба да се трошат зборви. Го имаат и Мануел Зендер, а тој е најдобриот стрелец во Бундеслигата сезонава, потоа тука е голманот на европскиот првак Никола Портнер, а имаат и други одлични играчи. Нè очекува тешка задача. Но, ако на некој меч имаме каква таква шанса за успех, тоа е секако овој“, смета селкторот на нашиот тим Лазаров.
Улогата на фаворити секако има ја препуштаме. Но, ако одиграме фокусирано можеме да се надеваме на поволен расплет. Имаме доста што да поправиме, први сме по технички грешки на ЕП.
Ќе се трудиме да го намалиме нивниот број. На моменти и противникот ве тера да грешите, утре ако грешиме помалку на поставена одбрана, мислам дека имаме шанса за позитивен резултат, вели селекторот Кирил Лазаров. 
Треба да излеземе на терен со чисти глави, да дадеме максимум и да се надеваме дека ќе победиме“, вели Лазаров. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk