Против Швајцарија на сѐ или ништо



Денеска завршува Европското првенство за 12 репрезентации, а меѓу таа половина од учесниците ќе биде и репрезентацијата на Македонија. Епилог очекуван, прашање на збир на разликата на постигнати и примени голови ќе биде реперот за освоеното место.

Играме уште еден, трет дуел на кој противник ќе ни биде селекцијата на Швајцарија. Репрезентација која објективно не е класа како Франција или Германија, иако покажа дека има капацитет да се носи и да остане непоразена и против таков тим. Од друга страна покажа и голема немож против таква екипа, па да видиме какво лице ќе покаже денеска на мечот со македонскиот тим. 

Победа за Македонија ќе значи пласман на 17 или 18 место. Едното носи во првиот второто носи во вториот шешир во баражот за СП што ќе се игра во април годинава. Тоа ја прави оваа средба и со резулттски влог за двата тима. 

Пораз, во зависност од разликата би значел конечен пласман на 22 место доколку е под осум гола. Или пласман на 21 место доколку е под осум гола, а Романија на средбата со Хрватска помине вечерва полошо од нас. И тоа не е сосема небитно, конечниот пласман на ова ЕП е вториот критериум за ждрепката следните квалификации за Европското првенство што ќе се игра во 2026 во Шведска, Данска и Норвешка. 

Натпреварот со Швајцарија ќе почне во 18:00 часот и ќе се игра во Мерцедес Бенц Арената во Берлин, пред повеќе од 15.000 гледачи од кои најголемиот дел ќе навиваат и ќе се радуваат на секој гол и голманска одбрана на Швајцарија, според тоа што го видовме на првиот ден во Берлин. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk