Македонија и Германија веќерва се среќаваат во Берлин во рамките на второто коло од ЕП 2024. Во пресрет на овој меч ви ја пренесуваме и изјавата на селекторот на Германија, Алфред Гисласон.
„Искрено, не сакам да дојдам во ситуација да се нервирам околу конечниот исход и тоа им го кажав на ракометрите. Не сакам стресови денеска, мораме да стартуваме добро, да наметнеме наш ритам на игра и со тоа да стигнеме до посакуваниот резултат.
Противникот не е наивен, Македонија има млада и технички многу добра селекција, тоа е репрезентација која секогаш играш со многу емоција на големите натпреварувања. Лазаров ги има добро научено своите ракометари. Против Франција константно менуваа три различни системи во одбраната. Ќе треба да се адаптираме и да се снајдеме против таквата тактика. “, изјави Гисласон.