Кузмановски: Не треба да се трошат зборови за Германија, но но ќе бидеме поборбени и пофокусирани



Големата пауза за подготовка за дуелот со Германија заврши. Македонија вечерва од 20:30 часот ќе се сретне со домашната репрезентација. 
Домашните се големи фаворити, а ако се остварат прогнозите за нивна победа, тоа ќе значи дека средбата со Швајцарија што ќе се игра во вторник ќе биде последнаата на ова ЕП за репрезентацијата на Македонија. 

Во пресрет на овој дуел, разговаравме со македонските репрезентативци. Филип Кузмановски е еден од тие што најдобро знаат со кого ќе си имаме работа, затоа што доскоро беше дел од Бундеслигата. 

„Анализиравме и видовме дека на дуелот со Франција имавме доста позитивни работи, особено во првото полувреме. Видовме и каде грешевме и треба да ни биде криво за грешките што ги направивме. Бевме мотивирани, но сепак тоа е Франција. Видовте и сами каков ракомет играат.
Ние бевме принудени да играме седум на шест, што пак не беше нашата цел. Оваа тактика е резервна, а за неа одлучува тренерот ние само треба да го дадеме најдоброто што го знаеме.
Имавме четири дена да се подготвиме, ја анализиравме Германија. Добро го познавам нивниот систем и начин на игра и за какви борци станува збор, до неодамна играв против нив на клупски план.
Играат на домашен терен и пред полни трибини, сигурно ќе бидат многу мотивирани. Видовме како одиграа против Швајцарија која играше поинаку на пријателските натпревари, даваше преку 30 голови, но против Германија до 50 минута имаше само 10 гола.
Нѐ чека тежок натпревар, Германија има силна одбрана, а на голот го има Волф, за кого не треба да се трошат зборови, сите знаеме каков голман е. Целиот тим мора да внимаваме, да бидеме тактички подготвени против него. Ветувам подобра игра против Германија, една поборбена Македонија. Во одбраната ќе бидеме поагресивни, ќе дадеме се од себе. Играме пред полна сала, што пак е дополнителен мотив за нас, сакаме да изненадиме.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk