По историската ноќ, Хрватите во трка, кој ќе биде кум?



Пред почетокот на ЕП, Хрватите, односно нивните ракометари побараа од јавноста и медиумите да не ги ословуваат со прекарот „каубои“. 
Овие играчи не се дел од таа славна генерација и сакаат ново име. Тоа во медиумите и јавноста беше дочекано со кисели насмевки, но беше испочитувна таа нивна желба, а новото име требаше да го заработат самите. 

За 60 минути се смени целата приказна. Хрватска одигра натпревар од соништата против Шпанија, победи со 10 гола разлика и им нанесе еден од најтешките порази во историјата. 

Сега медиумите и јавноста се трка со друг предизвик. Кое ќе биде новото име и новиот кум. Каубои беше дело на Ивано Балиќ, а сега веројатно весникот 24 часа е најблиску до бовчата, а тие предлагаат новото име да биде - фајтери. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk