Лазаров: Против вакви ривали, мора да се внимава до последна секунда



Вториот голем предизвик е пред македонските ракометари. Во недела од 20:30 часот пред преполните трибини на Мерцедес Бенц Арената во Берлин (15.000 гледчи), нашиот тим ќе се сретне со домашниот состав. 
Германија е големиот фаворит, особено по фантастичната партија што ја имаа против репрезентацијата на Швајцарија. Македонија треба многу да вложи и да одигра одлична партија за да ја избегне судбината на Швајцарците. 

Направивме анализа, имавме доста време по првиот меч. Против Французите имавме квалитетно полувреме. Доаѓавме до шанси, промашувавме зицери и грешевме. На полувреме требаше да имаме подобар резултат. Еден сериозен тим не смее да си дозволи да прима голови во последна секунда како што беше случај против Франција. Против ваков тим, па дури и со послаб ривал мора да имаме концентрација на повисоко ниво. 60 минути изгледа малку, ама против такви ривали е навистина многу.
Натпреварот генерално беше убав за око, со страшен ритам. Мора да го промениме нашето, македонското. Лесно е да се каже, ама тоа мора да се поправи преку тренажен процес. Се сложувам со јавноста дека мора да сме поцврсти. Добро трчавме и се враќавме, ама не успевавме да го запреме налетот на Французите. Се сложувам за одредени критики, дека мора да одиме на повеќе контакт со кои ќе изнудуваме деветерци и ќе ги водиме кон пасивна игра.
Не велам дека нема да играме седум на шест. Не ми е филозофијата нашата репрезентација да игра само таков тип на ракомет. Така ме водеше натпреварот и чувството против Франција. Сметам дека бевме немоќни кога тие одеа на контакт со ист број ракометари. Веројатно ќе го користиме тоа и со Германија, свесен сум дека ќе се подготват. Ние имаме играчи кои можеме да ги користиме за таков тип на игра“, изјави Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk