Македонија одбројува до својот втор меч на Европското првенство. По олимпискиот првак Франција, одиме на дуел со исто така гигант во светот на ракометот и уште и домаќин на првенството - Германија.
„Ќе биде тежок натпревар, бидејќи играме против домаќинот на Европското првенство. Арената е голема и сигурно ќе биде преполна со нивни навивачи. Целиот тим е подготвен за оваа тешка битка и секој од нас ќе даде максимум. Наше е да оставиме срце на терен и да дадеме максимум на овој меч“, вели Марко Митев, младата ѕвезда на македонската репрезентација.