Дерби за сите пари, Србија шокирана за 30 секунди

СРБИЈА - ИСЛАНД  27-27 (10-11)
Пешмалбек 5, Ѓорѓиќ 4 - Гудјонсон 6, Елисон 6

Дуелот меѓу Србија и Исланд иги оправда сите очекувања. Видовме прекрасен ракомет, особено од гледа точка на одбрани и голмани. Дуелот заврши без победник 27-27, а Исланд се радуваше на овој бод како за победа, затоа што имаше невидена среќа во последните 30 секунди. 
Видовме врвна одбрана од двата тима со „ѕверови“ голмани како додадена вредност во првото полувреме на дуелот меѓу Исланд и Србија.
Виктор Халгримсон (10 одб во првиот дел) и Дејан Милосављев (8) интервенции ги извадија од ритам напаѓачите, па така по 15 минути игра беше само 4-4, а и во продолжението, иако се отворија и контра-напади и имаше повеќе голови од транзиција. 
Во еден период Србија се прецени, почна да игра скандинавски против Исланд и веднаш замина во негатива од три гола, но успеаја до крајот на полувремето да се вратат резултатски и на одмор да заминат со негатива од еден гол (10-11).
Во вториот дел подобро се снаоѓаа Србите и поведа со 15-13 во 40 минута. А благодарение на брзоплетоста на Исланѓаните кои погршија при изведување на без центар, Србија поведе и со три гола разлика 17-14. Две миунти подоцна беше 17-16, а Исланд имаше пенал. И го промаши, трет седмерец што не заврши во мрежата беше тој удар.
Голманите веќе не беа во главните улоги туку бековите, а Србија успеваше да најде решенија и да ја здржи разликата од еден до три гола. Во 58 минута, кога Петар Ѓорѓиќ погоди за 27-24, судбината на Исланд како да беше запечатена.
Но, прво Палмарсон погоди во 59:34 минута, потоа пресекоа топка и погодија за 27-27 Исланѓаните и мечот заврши без победник.

Од 18:00 часот денеска играа и Австрија и Романија, а победи австрискиот тим со 31-24.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk