Пешевски: Во супертешка група сме, но нема да се предаваме



Македонија има уште два дена за да се подготви за дуелот со домашната репрезентација. Овој пат нема да играме пред 53.000, но амбиентот ќе биде уште поврел пред 15.000 во Мерцедес Бенц.

„Ние сме во супертешка група каде што нема слаб противник. Секако, Германците не се велесила како што е Франција. Имаме неколку дена пауза за да се подготвиме, верувам дека не сме без шанси на овој натпревар. Треба да одиграме најдобро што знаеме, да испочитуваме се што ќе договориме како тактика, па ќе видиме каков резултат тоа би ни донело против домаќинот на овој шампионат.
Знаевме колку е силна и супериорна Франција, го покажаа тоа и во 60-те минути против нас. Ние имавме одлично прво полувреме, потоа следеше мал пад, но мислам дека не се посрамотивме. Се држевме до планот, до договореното, одигравме колку што можевме против ривал што реално е меѓу најсилните во Европа и светот, во секој случај оваа партија ќе ни биде мотив за уште подобри изданија до крајот на шампионатот“, порача Пешевски.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk