-
12.01.2024
-
Вести, Планета ракомет
Македонскиот спорт е пред крупна промена откако е поведена иницијатива за промена на врвот во Македонскиот Олимписки Комитет.
Вкупно 26 национални федерации и пет индивидуални членови на Собранието на Македонскиот олимписки комитет доставија барање за свикување Вонредно Собрание на МОК.
Како што информираат иницијаторите со официјално соопштение до медиумите, „истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и 4 од Законот за зруженија и фондации, и врз основа на член 29 став 3 од Статутот на Олимпискиот Комитет на Сереверна Македонија“.
На барањето, кое е доставено до медиумите, потпишани се и водечките национални федерации ФФМ, РФМ, КФСМ, ОФМ…
Барањето, кое, како што информираат, е примено во архивата на МОК ги содржи следните точки на Дневен ред:
1. Разрешување на Даниел Димевски, актуелен Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Северна Македонија
2. Избор на нов Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Северна Македонија
3. Разрешување на актуелниот состав на Управниот одбор на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија
4. Избор на нов состав на Управен одбор на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија
5. Разно.
Во прилог е СПИСОКОТ на претставниците на националните федерации и членови на Собранието на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија кое се потпишаа на барањето.
Поврзани вести