Македонската репрезентација веќе работи на подготовката на натпреварот со Германија додека околу нас и натаму се сумираат впечатоците од првиот меч и дуелот одигран на фудбалскиот стадион.
Прекрасно беше чувството да се дебитира за Македонија на едно големо натпреварување, на меч одигран на фудбалски стадион пред повеќе од 50.000 навивачи, против ривал како Франција. Одигравме многу добро во тоа прво полувреме со Франција, имавме и водство од два гола, покажавме мотивирана игра против една селекција која според мене искрено е главен фаворит за шампионскиот трофеј на ова првенство.
Тие влегоа во ритам, со серија од 4-0 го свртеа резултатот во своја полза, ние влеговме во серија технички грешки во нападот што селекцијата на Франција знаеше како да го искористи и да стигне до убедлива победа. Овој пораз не треба да разочара, на периоди игравме навистина квалитетно и верувам дека ќе бидеме уште подобри на следните две средби во групата“, изјави Никола Костески.