Кузмановски: Многу поуки од играта на Франција



Македонија и Франција го отворија шампионатот, а денеска на терен ќе ги видиме и другите репрезентации од групатата во Берлин. 
Импресиите и чувствата по мечот со Франција се измешани, но простор за разочарување нема. 

„Со нетрпение го чекавме мечов. Бевме многу мотивирани, игравме против Франција која за мене е фаворит за златото. Мислам дека не ти треба посебна мотивација да играш против еден ваков тим. Задоволен сум од играта во првото полувреме, но квалитетот на Франција се виде потоа.
Секоја грешка ја казнуваат, тоа е нивниот квалитет. Има многу работи кои можеме да ги научиме од нив. Видов многу позитивни работи од нашата игра, имаме и доволно време од четири дена да направиме анализа. Да се одмориме и да се подготвивме за следниот меч“, изјави Кузмановски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk