Митев: Неописиво е чувството пред овој натпревар



Изминуваат последните часови пред стартот на Европското првенство на кое попладнево од 18:00 часот, Македонија ќе се сретне со олимпискиот првак Франција. 
Играч од македонската репрезентација кој им остана во око на странските новинари и медиуми е Марко Митев. Очекуваат блесок на младата македонска ѕвезда на ова ЕП. 

„Чувството е неописливо, играме на стадион, нешто што не се случува тоа секој ден. Имаме мала-позитивна трема, но тоа е нормално. Едвај чекаме да играме пред полни трибини на стадионот, да ја почувствуваме таа атмосфера. Франција е величина во ракометот, не треба да се трошат премногу зборови за олимпискиот првак и за еден од главните кандидати за освојување на медал на ова ЕП. За нас помладите играчи во репрезентацијата оваа земја е голем предизвик. Како екипа ќе го оставиме срцето на терен, ќе го дадеме максимумот за себе, за навивачите и за својата земја“, изјави Митев.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk