ФОТО: Стадионот е „скоцкан“ за ракомет и спремен за рекорд



Фудбалскиот стадион Меркур Арена во Дизелдорф е спремен за ракомет. Огромниот спортски објект е прилагоден, затворен кров, наместен терен и трибини и изгледа импресивно. 

Тоа што е неизбежно, горните редови да не гледаат многу што се случува на теренот, ќе биде пренесувано на неколку огромни видео бимови, па нема да изостанат деталите и за гледачите.

Што се однесува до температурата, организаторот ни порача: Утре дојдете по кратки ракави. 
На отворањето на 16 Европско првенство, утре во 18:00 часот ќе се сретнат Макеоднија и Франција и ќе го срушат рекордот на гледаност во живо на ракометен натпревар. 
Веднаш по нив ќе играат Германија и Швајцарија и сосема извесно ќе го подобрат рекордот. Се очекуваат до 55.000 гледачи.








Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk