МАКЕДОНИЈА - КОСОВО 33-24 (15-11)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје.
Македонија: Трајковски, Петрески 6, Ѓокески 4, Вељановски, Ристевски 1, Насевски 3, Мечаровски, Лазов 1, Митев 3, Матески 4, Младенов, Пецаноски 8, J. Трајковски 1, Гарбески 2, Тевдовски, Пецаковски
Машката кадетска репрезентација на Македонија успешно ги мина квалификациите и се пласираше на Европското првенство што летово ќе се одржи во Црна Гора.
Македонските кадети во квалификациската група со Словачка, Швајцарија и Косово, запишаа две победи, го освоија второто место и обезбедија учество на континенталниот шампионат.
Денеска нашиот тим го играше мечот за верификација на пласманот, а противник ни беше составот на Косово. Избраниците на Наум Танески не оставија простор за никакво изненадување. По петнаесетина минути израмнета игра во првиот дел, ја преземаа контролата и на одмор заминаа со предност од 15-11. Комплетно доминираа од почетокот на второто полувреме, за осум минути ја удвоија предноста (20-12), а во 45 минута за прв пат имаа и плус 10 (26-16).
До крајот на полувремето и натпреварот, рутинска ја одржаа разликата и прославија пласман на ЕП У18.