ПРЕТСТАВУВАМЕ: Швајцарија, аутсајдер или нагазна мина?

16 јануари 2024
МАКЕДОНИЈА - ШВАЈЦАРИЈА 18:00 часот
Мерцедес Бенц Арена во Берлин, Германија

Три дена остануваат со првиот натпревар на 16 Европско ракометно првенство во машка сениорска, а на првиот натпревар на ЕХФ Еуро ќе се сретнат репрезентациите на Македонија и Франција. 

На страниците на специјализираниот ракометен портал G-SPORT.MK ќе бидете информирани за сите актуелности околу ЕХФ Еуро, од прелиминарната фаза и во живо од Германија, а претходно ќе можете да ги прочитате авторски најави за репрезентациите од групата „А“ во која ќе настапува и македонската репрезентација. 

Прва асоцијација на ракометна репрезентација на Швајцарија бездруго е Анди Шмит. Легендарниот ракометар кој пет пати по ред беше избиран за најдобар играч во Бундеслигата. Сега на 40 годишна возраст игра како препороден во екипата ана Луцерн и со просек од 10 гола по натпревар е најдобриот стрелец во Европската лига. Шмит го игра својот последен бал на големата сцена, а од јуни ќе стане селектор на Швајцарија и ќе го замени Михаел Сутер кој во моментов е на кормилото на швајцарскиот тим. 

Ако не знаевте: Најдобриот стрелец во ЕХФ Европската лига сезонава е Анди Шмит со 60 гола постигнати на шест натпревари или просек од 10 гола по натпревар. 
Најдобар стрелец во
Бундеслигата сезонава е Мануел Зендер, средниот бек на репрезентацијата на Швајцарија со 148 постигнати голови. Во Топ 10 е и Лени Рубин (104 гола), а на 13 место е Самуел Зендер (99 гола). 
Втор најдобар стрелец во
ЕХФ Европската лига е Леополд Ноам, репрезентативец на Швајцарија, но тој не се избори за место во тимот што ќе игра на ЕП!

Сепак, Швајцарија е многу повеќе од Анди Шмит. Тaa е земја со многу долга ракометна традиција, куќа е на Светската ракометна федерација, освојувач на олимписки медал уште во 1936 година, a беа и домаќини на едно легендарно Светско првенство во 1986 година на кое беа промовирани „вонземјаните“ од Југославија предводни од Злато Портнер, Веселин Вујовиќ, Јовица Цветковиќ... 

Резултатите на нивната машка репрезентација се многу поскромни од нивната традиција. Но, генерално и клупски и репрезентативно секогаш одржувале ниво, константно блиску од нивото на најдобрите европски репрезентации. Македонија и Швајцарија одиграле осум официјални натпревари, а нашиот тим е подобар и има скор од 6-2 во победи. 
Но, рековме дека еден од квалитетите на Швајцарија е константноста, па така тие никогаш немале преголеми падови и во секој момент можат да направат и подобар резултат. 



Годинава Швајцарија е во голем подем, а тоа се должи на улогата што неколку нивни ракометари ја имаат во најсилната лига во светот - Бундеслигата.
Средниот бек Мануел Зендер е најдобриот стрелец во Бундеслигата сезонава, игра за екипата на Ајзенах и стана еден од најбараните ракометари воопшто во моментов, а игра на комплицираната позиција централен бек. 
Лени Рубин, левиот бек кој играше заедно со Филип Кузмановски во Вецлар. Рубин таму е најдобриот стрелец во клубот и е во Топ 10 стрелците во Бундеслигата. 
Нивно посебно силно оружје е голманот Никола Портнер, син на погорепосменатиот „вонземјанин“ Златко Портнер. Никола е голман на европскиот шампион Магдебург и имаше многу важна улога во освојувањето на шампионскиот пехар. 
Вкупно девет ракометари на Швајцарија играат во Бундеслигата, имаат тројца во Топ 15 стрелци, голман на европски првак и поткрепени се од домашниот кадар со Анди Шмит... 

Ако не знаевте: Најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Швајцарија не е Анди Шмит, туку една подзаборавена легенда - Марк Баумгартнер. Тој има постигнато 1093 гола, додека Шмит е на второто место со 935 и крај на кариерата најавен за јуни, што значи дека Баумгартнер ќе остане на првото место уште долго. 

Кон Швајцарија во македонската јавност се гледа како кон аутсајдер, но најосновната анализа, по само неколку реда покажува поинаква реалност. 
Но, сепак, Швајцарија не е ранг на Германија и Франција и многу е пореално да се надеваме на подобар резултат против нив, отколку против споменатите гиганти. 

ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Учества: 4
Бронзен медал, Берлин 1936
СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА
Учества: 11
Најдобар резултат 4 место (1954, 1993)
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА
Учества: 4
Најдобар резултат 12 место (2004)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk