ЕП 2024: Германија остана без уште една ѕвезда

Германија со доста проблеми во игрчкиот кадар го очекува почетокот на Европското првенство во кое како домаќини, очекувањата од нив се големи. 

Неколку пензионирани и повредени играчи сосема го сменија ликот на германскиот тим, па така по долго време нема да ги гледаме Гензајмер, Пекелер, Винцек, Виде, Друкс, а сега и Патрик Гроцки, десното крило на РНЛ. 

Ракометниот ветеран се повреди на контролниот натпревар со Португалија, настрада неговиот зглоб и тој нема да стигне навреме да се рехабилитра за да настапи на ЕП. 

Алфред Гисласон во секој случај го има Тимо Кастенинг како стартер, а кој ќе добие шанса покрај него, ќе се знае најдоцна до 9 јануари кога е последниот ден за пријавување на финалните состави. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk