Македонската кадетска репрезентација треба да покаже знаење, квалитет и мускули на само уште еден натпревар за да се пласира на М18 ЕХФ Еуро!
Денеска во последното коло од квалификациите за М18 ЕП, репрезентацијата на Швајцарија ја совлада селекцијата на Словачка (29-25) и го освои првото место во групата.
Македонија во првото коло славеше победа над Словачка и ако денеска го совлада тимот на Косово, ќе се пласира на ЕП.
Косовскиот тим на првиот меч со Швајцарија беше поразен 19-33, а против Словачка загуби со резултат 22-33.
Натпреварот меѓу Македонија и Косово ќе се игра денеска со почеток од 15:00 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје.
Видео пренос од овој натпревар ќе можете да следите на платформата на Европската ракометна федерација или со клик на следниов линк
15:00ч. МАКЕДОНИЈА - КОСОВО - ЛИНК