Јагуриновски: Играме со гиганти, но и ние можеме на високо ниво

Македонската репрезентација утре заминува за Дизелдорф каде што на 10 јануари ќе го почне настапот на 16 Европско првенство. 
Македонија имаше успешни подготовки на кои двапати ја совлада Грција, а беше подобра и од Црна Гора во пресрет на дуелот со една од најмоќните репрезентации не само во моментов, туку и во последните 15-тина години - Франција. 

„Овие натпревари беа одлична можност за последни корекции во нашата игра пред настапот на ЕП. Можам да кажам дека одлично ги одработевме подготовките, на овие три контролни средби со Црна Гора и со Грција работевме на тактиката за европскиот шампионат и верувам дека ќе се покажеме во добро светло. Свесни сме дека групата е тешка, играме против гиганти како Франција и Германија, но наша желба е да покажеме дека можеме да играме на високо ниво. Верувам дека се наоѓаме на добар пат за такво нешто“, изјави Јагуриновски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk