ЕП 2024: Франција прецрта уште двајца

Секој икс испишан со пенкалото на селекторот на Франција Гијом Жил, значи една ѕвезда помалку на Европското првенство во Германија. 
Во предвечерјето на континенталниот шампионат, Жил мораше да се откаже уште од тројца играчи. 

Каков состав има Франција, можете да заклучите по фактот дека прецртани се играчи како Матју Гребил, Роман Лагард, Жилиен Бос, Килијан Вилмино... а сега на редот дојда и бековите на Нант Омерик Мин и Тибо Брие! 

Покрај овие двајца ракометари, засега од списокот отпаѓа и крилото Јанис Лене, поради повреда. На неговото место е повикан Беноа Конку од екипата на Келце. 

Во моментов, сите ракометари на списокот на Франција се играчи што играат во респектабилни клубови од Лигата на шампионите! 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk