Швајцарците „газеа“ на јубилејниот Жолт Куп

Репрезентацијата на Швајцарија, третиот противник на Македонија на Европското првенство во Германија имаше одличен настап на Јубилејниот 50-ти Жолт Куп што тие традиционално го организираат. 

Швајцарија ги совлада репрезентациите на Романија (37-31), БИХ (39-21) и Аргентина (35-27). 

На последниот натпревар, против Аргентина, Швајцарците настапија без Анди Шмит. Селекторот Сутер го штеди својот најдобар играч затоа што се пожалил на проблем со мускул, но затоа блесна еден од најбараните бекови во Европа во моментов, Мануел Зендер. Тој постигна 14 гола на овој меч. 

Швајцарците платија и висока цена на овој меч. Се повреди централниот бек на Луцерн, Јонас Шелкер, според изјавата на селекторот, се работи за посериозна повреда и тој нема да настапи на ЕП. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk