Конечен список за ЕП, отпадна еден играч

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го направи препостледното кратење на составот, а тоа се однесува на конечниот список на патници за ЕП 2024.
Од 19-те ракометари што се подготвуваа во Скопје и Стара Пазова, отпадна левото крило Цветан Кузманоски. Македонија во Дизледорф, ќе патува со 18 ракометари. 

Кобна за младиот стружанец беше повредата заработена на првиот контролен натпревар одигран во Солун есенва. Потоа следеше подолга пауза во се рехабилитираше и немаше натпревар за својот клуб. Тоа на крајот беше пресудно во изборот на селекторот. 
Петар Атанасијевиќ ќе биде првиот и единствен избор на позицијата лево крило, а по потреба на таа позиција може да одигра и Иван Џонов. 

Кирил Лазаров има уште едно кратење, финално за ростер од 16 играчи што ќе истрчаат на Меркур Шпил Арена во Дизелдорф на 10 јануари. 
Во текот на прелиминарната фаза, ќе има право да направи две измени во составот. Во моментов 8 играчи се наоѓаат на списокот на резерви. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk