МАКЕДОНИЈА - ШВАЈЦАРИЈА 26-27 (10-15)
МАКЕДОНИЈА: Трајковски, Петрески 3, Ѓокески 1, Вељановски 1, Ристевски 5, Насевски, Мечаровски, Лазов 3, Митев 6, Матески, Младенов, Пецаноски 5, Трајковски 1, Гарбески 1, Тевдовски, Пецаковски
Македонската кадетска репрезентација не успеа да ја совлада Швајцарија и уште денеска да верификува пласман на ЕП У18.
Македонските надежи денеска се поразени минимално 26-27, на натпревар што можеше да заврши многу полошо отколку што заврши.
Гостите во Швајцарија беа подобриот противник во најголемиот дел од натпреварот. Уште од почетокот отворија со 5-1 и потоа таа разлика за нашиот тим беше недостижна во најголемиот дел од средбата.
Водеа Швајцарците со 12-7, 14-9, на полувреме беше 15-10.
Вториот дел почна уште полошо, поведоа со 18-10 гостите и нашиот тим влезе во многу непријатна ситуација.
Среќа, по 40 минута предводени од Митев и Ристевски, македонските ракометари почнаа да се враќаат во игра и во 50 минута намалија на 20-23.
Не успеаја да направат комплетен пресврт, во 57 минута беше исто така три гола разлика (24-27), но последните дв гола дело на Ристевски и Пецаноски завршија во швајцарскиот гол и мечот заврши 26-27.
Ова е идентичен резултат со кој вчера Македонија ја совлада Словачка, а тоа не им дава на Швајцарците многу простор на утрешниот меч со Словачка да се опуштат, па Македонија со очекувана победа над Косово би се пласирала на ЕП.
Но, треба да се одигра дуелот меѓу Швајцарија и Словачка, на кој на Македонија и одговараат повеќе комбинации, но не и минимален пораз на Швајцарија со повеќе постигнати голови од 27 за Словачка.
Поврзани вести