Кадетите против Швајцарија, каде да гледате?

Македонската кадетска репрезентација направи голем чекор кон пласман на М18 ЕХФ Еуро, но работата не е завршена.
Кадетите предводени од Наум Танески, вчера извојуваа многу важна победа над директниот ривал Словачка (27-26) и таа победа им ги отвори вратите кон ЕП, но остануваат да се доиграат уште две кола. Во последното ќе играме со аутсајдерот Косово, но денеска играме со фаворитот Швајцарија. 

Натпреварот ќе се игра во „Автокоманда“ со почеток од 15:00 часот, а влезот е слободен.

Ова не е распоред што ни одговара со оглед на тоа дека Швајцарија и Словачка ќе играат во последното коло, па Македонија денеска не смее да си дозволи луксуз да загуби и да остави во последното коло да остави Швацарија и Словачка да решаваат за нашиот пласман. 

Но, ќе ја искористиме флоскулата „чекор по чекор“, па да видиме прво денеска како ќе одиграме со Швајцарија, а потоа како ќе изгледаат математиките за последното коло. Со евентуална победа денеска, Македонија ќе биде пласирана на ЕП.

Натпреварот ќе можете да го следите на следниов линк:

ЛИНК ЗА СЛЕДЕЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ - EHFTV  МАКЕДОНИЈА - ШВАЈЦАРИЈА 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk