Македонија и вечерва подобра од Грција

Македонија ја совлада Грција (29-28, 15-12) и на последната контрола пред заминувањето за СП. 
Македонија и Грција одиграа меч зад затворени врати, по претходен договор на тренерите. Затоа нема да анализираме што и како се случувало, но имаме информација дека Македонија водела во текот на целиот натпревар за во финишот во последниот напад да погоди за победа. 

Ова беше последниот меч пред заминувањето за Дизелдорф. Македонската репрезентација на 8 јануари заминува за Германија, на 10 ќе го одигра првиот меч. 

Поврзани вести