M18 Скопје: Швајцарија лесно на крај со Косово

Репрезентацијата на Швајцарија го совлада тимот на Косово на почетокот на Квалификациите за ЕХФ Еуро М18 што се одржуваат во Скопје, во салата „Автокоманда“. 
Швајцарскиот тим победи со 33-19 (16-8) и потврди дека тие се фаворити за пласман на ЕП, а репрезентацијата на Косово најголем аутсајдер во оваа група.
Денеска со почеток од 15:00 часот ќе се сретнат и селекциите на Македонија и Словачка. 
Две репрезентации од оваа група ќе се пласираат на М18 ЕХФ Еуро што летово ќе се одржи во Црна Гора. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk