Митревски: На ЕП одиме да се бориме

Никола Митревски е еден од најискусните македонски ракометари. Голманот на португалскиот шампион Порто и на ЕП треба да биде човекот кој ќе влее сигурност во одбраната, а дефанзивата е нашата најголема шанса за добар резултат на претстојниот шампионат.

Сигурни сме дека Митревски ќе ги преслика своите партии од Порто во дресот на македонскиот тим. Во победата во Солун над Грција беше нашиот МВП, а вчера во финишот на првиот дел имаше важна улога во блиц кригот по кој Македонија го прекрши натпреварот. 
 
„Се приклучив на националниот тим малку подоцна, но одработивме добри девет дена заедно. Беше доста напорно, но, нормално е тоа и потребен е таков подготвителен период. Одигравме и еден меч против Црна Гора, двапати меѓу нас, како и овој дуел со Грција. Ги добивме мечевите со ривалите. Овој дуел со Грците го почнавме лошо, но се вративме, одигравме солидни последни десет минути од првиот дел, па откако успеавме да го преземеме водството, сѐ беше во наши раце.
 
На стартот на вториот дел имавме контрола на резултатот, а Грците покажаа дека се добар тим со квалитетни играчи. Не залудно се на Европското првенство. Ние имаме што да менуваме, малку сме тешки, можеби и малку уморни, но имаме доволно време да ги поправиме некои грешки и да се консолидираме. На Европското првенство одиме од меч во меч, знаеме дека ги имаме најголемите фаворити, но нема да се откажеме туку-така“, изјави Митревски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk