Лазаревски: Ќе имаме добар настап на ЕП

Милан Лазаревски ја игра својата најдобра сезона во кариерата. Младиот пивот го надогради својот однос кон играта и напредува со голема брзина. 
На натпреварот со Грција беше нашиот најдобар стрелец, а има уште многу да покаже од својот репертоар. 

„Овој натпревар не беше ниту малку наивен. Грчката репрезентација е доста потценета. Имаме информација дека во нивниот штаб имаат француски советник, па кренато е нивото на репрезентацијата.
Од друга страна, нашиот селекотор добро нè подготви. Секако дека имавме подеми и падови, меѓутоа поентата е да ги сведеме грешките на минимум. Имавме доста тактички замисли кои моравме да го испробаме и тогаш веројатно имавме осцилации.
Со нетрпение го очекуваме настапот на Европското првенство. Како што кажав веќе, би било неблагодарно превреме да прогнозираме. Сепак, можам да кажам дека нашето неискуство ќе биде надополнето со желба и тоа нема да се одрази.
Сметам дека ќе имаме добар настап. Благодарен сум за повикот, чест и задоволство е да се игра за репрезентацијата. Мислам дека на сите позиции сме добро потковани, а колективот го исфрла поединецот на површина. Денес ми се погоди мене, утре ќе биде некој друг“, изјави Лазаревски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk