Победи на Швајцарија и Германија пред ЕП

Репрезентацијата на Швајцарија ја совлада Романија, без поголеми тешкотии, со резултат 37-31 (15-11) на првиот меч од традиционалниот „Жолт Куп“ еден од најстарите турнири во Европа. На јубилејното 50 издание на овој турнир учествуваат Швајцарија, Романија, БиХ и Аргентина. 
Анди Шмит со 10 постигнати погодоци ја предводеше Швајцарија до победата над романскиот состав. 

Селекцијата на Германија, вториот противник на Македонија и домаќин на претстојното ЕП имаше успешен тест и минимално 34-33 славеше над Португалија, еден од посериозните тимови што ќе ги гледаме на ЕП. 
Јури Кнор и Јоханес Гола со 6 и 5 гола, нешто што можеше да се предвиди беа лидерите во германскиот состав, но добра партија и пет гола придонес имаше од Мартин Хане, бекот на Хановер. 

РЕЗУЛТАТИ:
Германија - Португалија 34-33
Хрватска - Ц, Гора  29-25
Шпанија - Полска  31-25
Швајцарија - Романија  37-31
Египет - Холандија  30-28
Бразил - Бахреин  30-28
Вечерва играат:
Франција - Тунис
Данска - Норвешка
Србија - Словачка
Аргентина - БиХ
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk