Трансфери: АЕК, Турција, разделба по 20 години...

Грчкиот тим АЕК најде замена за тренерот Драган Ѓукиќ. По разделбата со српскиот стратег кој продолжува во Татабања, екипата на АЕК се реши за француски тренер. Фредерик Бужан е новиот кормилар на атинскиот клуб. Сето ова се реши за 24 часа.

Женската репрезентација на Австрија во 2004 го назначи Херберт Милер, тогаш амбициозен релативно млад 38 годишен тренер. Сега, 20 години подоцна, Австриската федерација објави дека на тимот му треба нов импулс и дека спогодбено прекинува соработаката со веќе 58 годишниот Романец/Австриец.
Под негово водство, Австрија играше на пет светски и три европски првенства. 

Две норвешки ѕвезди, Магнус Абелвик Род и Свен Јоран Јоханесен нема да играат на претстојната Златна лига, подготвителен турнир пред ЕП 2024. Двајцата ракометари познати по тоа што често се на списокот на повредени, одново имаат проблеми и селекторот ќе ги чува свежи за настапот на ЕП.

Машката репрезентација на Турција има нов селектор. Федерацијата по неуспешните обиди да се квалификува на СП и ЕП со домашен стратег, се одлучи за странско решение. Даниел Гордо, шпански тренер кој без некои особени резултатски успеси работеше во Бразил, Мешков Брест и Ал Ахли сега добива шанса на клупата на Турција. Паралелно ќе работи и во Адемар Леон. 

Унгарскиот бек Золтан Шита од ПИК Сегед е промовиран во нов играч на полскиот тим Висла Плоцк. Потпишан е четиригодишен договор. Золтан Шита веќе има играно за Висла во периодот од 2019 до 2022. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk