Охрид прв истрча на тренинг во 2024

Екипата на Охрид е првиот суперлигашки тим што ги почна подготовките за Плејоф шампионатот во македонската Суперлига.
Тренеро Стевче Алушовски на располагање го има речиси комплетниот играчки состав, со исклучок на грузискиот ракометар Орјоникидѕе и Јапонецот Мацуока. 

До 17 јануари екипата ќе тренира во Охрид, по што заминува за Атина каде на 19, 20 и 21.01. ќе одигра три контролни натпревари со Дукас, Олимпијакос и Аек.
На 22 јануари екипата се враќа во Охрид од каде ќе отпатува за Србија каде, исто така, предвидени се неколку подготвителни натпревари.
На 23 јануари ГРК Охрид во Шабац ќе се сретне со Металопластика, на 25 ќе игра со Динамо Панчево, по што ќе настапи на турнирот во Врбас каде освен домаќинот ќе играат уште и силната Војводина и Црвена Звезда.
Пред враќањето дома Охрид во Србија ќе одигра уште еден контролен натпревар со Дубочица.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk