Огњановски и Савиќ добија ЕХФ беџови за млади судии

Убаво почна 2024 за младиот македонски судиски пар Марко Огњановски и Дамјан Савиќ. Европската ракометна федерација им го достави сертификатот и ЕХФ беџовите со кои официјално се промовирани во европски судии во проектот „Млади судии“. 

Оваа перспективна македонска судиска двојка отсега ќе може и официјално на своите дресови да ја носи значката на ЕХФ и да ја почне последната етапа од долгите квалификации за добивање на беџ меѓународен судија, со право да бидат делегирани на сите натпревари што се во организација на ЕХФ, било тоа да се натпревари од европските купови или шампионатите што ги организира ЕХФ не само во младите, туку и во сениорска конкуренција. 

Имајќи предвид дека досега сосема успешно ги извршуваа своите европски задачи, а и предвид фактот дека во Македонија се врши квалитетна обука на судии, очекуваме во брзо време целиот процес да биде комплетиран. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk