Хрватите не сакаат да се „каубои“

Хрватскиот ракометен сојуз ги замоли медиумите веќе да не го користат името „каубои“ кога пишуваат за машката ракометна репрезентација. 

„Во името на репрезентативците, стручниот тим и сојузот, ве молиме тој прекар да не го користите за репрезентацијата затоа што актуелните играчи не беа дел од генерацијата кога настана споменатиот прекар“, стои во молбата на ХРС. 

Прекарот каубои датира од 2009 и го замени прекарот „пеколни“. Ивано Балиќ беше кумот на каубоите, но тоа време мина и новата генерација ќе треба да си одбере или заслужи нов прекар. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk