Начевски и Николов во избор за нај судии во 2023

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е во конкуренцијата од четири најдобри судиски парови за 2023 година во избор на ракометниот портал Балкан Хендбал / Хендбал Планет. 
Нашите судии се во конкуренција со Словенците Лах и Сок, Чесите Хорачек и Новотни и Германците Шулце и Тонис. 

Ракометниот портал G-SPORT.MK  е дел од новинарското жири во изборот, жири составено од ракометни новинари од цела Европа во кои се и медиуми како шпанската „Марка“, данската ТВ2, норвешката ТВ2 итн.

Во последната фаза на изборот се бројат и гласовите од посетителите на веб сајтот. Во моментов, таму водат Лах и Сок од Словенија, но можете да им помогнете на Начевски и Николов во оваа трка со клик и гласање на следниов линк:

ГЛАСАЊЕ ЗА НАЈДОБАР СУДИСКИ ПАР ВО 2023

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk