Драган Ѓукиќ претставен во нов клуб

Како што веќе најавивме, само еден ден по официјализирањето на разделбата со Татабања, поранешниот селектор на Македонија и екс тренер на Вардар, српскиот стратег Драган Ѓукиќ беше претставен во нов клуб.

Татабања, унгарскиот проект што беше пресликан од Битола пред две сезони е старо-новата дестинација на Драган Ѓукиќ. Унгарците имаа убави спомени од нивната претходна соработка и се решија одново да ја вратат на сцена старата приказна.

Татабања во моментов е на третото место во шампионатот на Унгарија, зад неприкосновените Веспрем и Сегед, а во пролетниот дел се чекаат и играчки промени. 
Екс ракометарот на Металург и Е. Пелистер, Немања Обрадовиќ замина од клубот од приватни причини, а неговото место најверојатно ќе го заземе Кристијан Дизингер, поранешниот ракометар на Вардар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk