Се разделија Драган Ѓукиќ и АЕК

Поранешниот селектор на Македонија, екс тренер на Вардар и воопшто еден од најдобрите и најелоквентните тренери од регионот, Драган Ѓукиќ ја прекина соработката со грчкиот тим АЕК Атина по семо една полусезона на клупата на овој клуб. 

Драган Ѓукиќ дојде во Атина како засилување за тимот, но наиде на ситуација која не можеше да се предвиди навреме. АЕК беше во кризни моменти, нивната сала не доби дозвола за играње, мораа да импровизираат низ училишни сали и имаше ред други слични логистички и кадровски проблеми. 

Веројатно уште тогаш беше запечатено дека оваа приказна нема да трае многу долго, но клубот и тренерот се испочитуваа за време на ЕХФ Европската лига. 
Откако ЕЛ, заврши одново разговараа и спогодбено ја раскинаа соработката. 

Драган Ѓукиќ би требало уште утре да биде промовиран во новиот клуб. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk