-
30.12.2023
-
Вести, Планета ракомет
Македонската јавност имаше можност прв пат да го запознае Мијајло Марсениќ, стамениот српски пивот како 20 годишно момче кое првото интернационално искуство го има во Скопје.
Во 2014 дојде од Партизан во Металург и остана една сезона, по што одново се врати во Белград кога Металург тргна кон својата провалија.
Неговите игри и потенцијал не беа заборавени и веднаш во 2015 се врати назад во Скопје, но во дресот на Вардар. Две години подоцна стигна до врвот, шампионскиот пехар од ЕХФ Лигата на шампионите, по што му се отворија други големи врати, а тој се реши за дресот на Фуксе Берлин. Таму замина во 2018, а има договор до 2027 и ќе комплетира безмалку една деценија во германската престолнина.
Сега Марсениќ е добро етаблиран играч во Германија. Игра два правца, одлично си ја врши својата работа и полека почнува да мечтае за враќање дома.
Војводина, екипа која почна тренд на враќање на српските играчи дома, првенствено затоа што Војводина стана стабилен клуб во кој што се знае дека договорено ќе биде испочитувано, дека нема да има денеска за утре ситуации и дека клубот е амбициозен и на европската сцена.
Мијајло Марсениќ „не е материјал“ за Војводина. Неговата желба е црно-бела. Сонува за тоа Партизан да стане организиран клуб каков што е Војводина и да му упати понуда.
„Голем патриот сум. Не би ми требало многу за да се вратам. Кога би ме повикал Партизан, кога би направил екипа каква што сега има Војводина и ние неколку репрезентативци да се вратиме. Да знам дека договорот ќе биде испочитуван како што треба, не би имал никаква дилема.
Го молам бога тоа да се случи, еден ден да одлучам повторно да играм во Србија, последните година-две. Се разбира, тоа треба да биде амбициозен проект, да се игра во Европа, тоа ми е голема желба“, изјави Марсениќ во интервју за Моцарт Спорт.
Поврзани вести