Словенците со партизанскa песнa јуришaa против Австрија!

Репрезентациите на Словенија и Австрија одиграа интересен натпревар кој заврши со минимална победа на словенечката репрезентација од 34-33. 
Словенија го имаше добиено овој меч, во финишот водеше со пет гола разлика (28-23), но Австрија, која исто така има Словенец за селектор (Алеш Пајовиќ) се крена, направи пресврт и поведе со 33-32. 
По ова, носени на крилјата на публиката и ритамот на (словенечката) партизанска песна „На јуриш“ се вратија во водство. 
Во последниот напад, Австрија изнуди седмерец, но голманот Миљан Вујовиќ го одбрани тој шут и донесе победа на својата репрезентација. 

Репрезентацијата на Романија е победник на турнирот „Трофеј Карпати“ кој во машка сениорска конкуренција се играше деновиве во Питешти.
Во финалето на турнирот, Романија ја совлада репрезентацијата на Грузија со резултат 31-25 (14-14). Третото место го освои Грција со победа од 35-23 над селекцијата на Словачка. 



Репрезентациите на Полска и Аргентина одиграа два контролни натпревари, а на двете средби победи селекцијата на Полска. На првиот меч минимално (27-26), а на втората средба резултатот беше 34-26. 
На овие два дуела, екипите на беа комплетни, особено на првата средба. 
На вториот меч, Полјаците во составот ги имаа Шипжак, Сичко, Валчак... па и епилогот беше поинаков. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk