Хаос во најава на ЕП, почнува штрајк на железницата

Германските железници ќе работат нормално до 7 јануари, а потоа од 8 јануари се очекува штрајк за коj не може точно да се предвиди колку долgo ќе траe. Предвидувањата се дека ќе биде три до пет дена. 

Ова е можен вовед во хаотично Европско првенство затоа што Дојче бан (Deutche Bahn)  е партнерот на ЕХФ и Германската федерација во организацијата на Европското првенство 2024. 
Во Дојче Бан периодов се водат комплицирани преговори меѓу машиновозачите и компанијата. Кратење на работното време за три часа неделно, зголемување на платите и бонусите поради инфлацијата и слично се темите на дневен ред.
Решение на повидок нема, а времето тече. Примирјето склучено поради Божиќните и Новогодишните празници истекува на 7 јануари. 

Од гледна точка на Европското првенство тоа може да биде многу проблематично, особено што Германија, а и Македонија, Франција и Швајцарија првиот меч го играат во Дизелдорф, а потоа треба да патуваат за Берлин. Ќе ги следи, не мала армија на навивачи, особено на домашниот тим кои веќе имаат билети и за Дизелдорф и за Берлин. 
И ова не се однесува само за меѓуградските линии. За движењето внатре во градовите и да не зборуваме.
Најсилниот удар на штрајкот е предвиден во Северна Вестфалија, а таму главен град е нашата прва дестинација - Дизелдорф.  

Организаторот на првенството, на оваа тема изјави дека разгледуваат и алтернативни решенија.
Какви...
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk