Лазаров: Момците денеска беа одлични

Македонската репрезентација ја совлада соодветната селекција на Црна Гора на денешната прва контрола во финалната фаза од подготовките за настап на Европското првенство во Германија следниот месец. 

Македонија ја совлада Црна Гора со 39-37 во регуларниот дел од мечот, а потоа се одигра уште една третина од 30 минути по која беше запишан и конечниот резултат од 54-51 за македонскиот тим. 

„Ова беше добра проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во силни клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме на дело сето она што го работевме на подготовките. Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар. По оваа средба, играчите ќе добијат заслужен одмор. Со работа продолжуваме на 2. Јануари“, изјави селекторот Кирил Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk